На 18.07.2007 година, во 13,00 часот, во месноста »Гребенине« атар на с.Коњско-Охридско, Б. С. од истото село го пронашла мртов нејзиниот сопруг Сребре С. (61).
Од досега преземени мерки од страна на СВР Охрид е утврдено дека на 17.07.2007 година, околу 21,00 часот во месноста „Асанџура“ атар на с.Коњско, при настаната меѓусебна тепачка во врска со вода за напопјување на добиток, П. Б. (59) од истото село со употреба на тврд предмет му нанел повреди во пределот на главата на Сребре С., од кои истиот подоцна починал.
П.Б. е приведен и задржан во СВР-Охрид и по целосно расчистување и документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.