Во манастирот Рождество на Св. Богородица, во Калишта, кај Струга, денеска ќе започне јубилејно заседание на највисокото црковно-управно и законодавно тело на Македонската православна црква – Охридска архиепископија –  МПЦ – ОА, Архиепископскиот црковно-народен собор.

На соборот што ќе трае до 7 октомври ќе се разгледуваат измени во Уставот на МПЦ-ОА  од административен карактер, разграничување на границите и бројот на епархиите и други прашања од животот на црквата.

Оваа година се навршуваат 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, 1000 години од нејзиното формирање, 75 години од Свештенското заседание во охридското село Издеглавје и 1155 години од Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј.

OhridNews