Екипата на Барселона може да се збогува со титулата во Примера дивизион откако на Ноу Камп во дербито на колот ремизираше 2-2 со тимот на Атлетико Мадрид. „Кралевите“ ако триумфираат на домашен терен против Гетафе, ќе се одлепат на четири бодови и тоа ќе значи голема предност во трката за трофејот.

Три од четирите голови на дербито беа постигнати од белата точка. Дербито изобилуваше со голема борба а го одбележа Лионел Меси. Аргентинецот го постигна јубилејниот 700 погодок во кариерата. Меси и Роналдо се единствени активни фудбалери кои постигнале 700 погодоци. Со ваква бројка можат да се пофалат Ромарио, Жозеф Бицан, Герд Милер, Пеле и Ференц Пушкаш.

OhridNews