По повод 50-то јубилејно издание на Меѓународениот ракометен турнир „Струга 2022“ што годинава ќе се одржува од 16 до 20 август во Струга, денеска на прес-конференција ќе биде претставена програмата за турнирот.

На прес-конференцијата, што ќе се одржи во Агенцијата за млади и спорт во Скопје, ќе присуствуваат членови на Организацискиот Одбор на турнирот, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и претставник од Ракометната федерација на Македонија.

OhridNews