Центар за култура „Григор Прличев“

Од 26.12.2019 - 20:00 до 26.12.2019 - 22:00

По 10 јубилеен пат, учениците од охридската Гимназија, под менторство на професорот по латински јазик, Стефан Каневче, ќе го одржат традиционалниот предновогодишен концерт во хуманитарни цели. Овој пат младите креативци на сцената при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ги донесат најголемите евровизиски хитови.

Концертот што ќе се одржи под мотото „Ние не сме професионалци, ние сме гимназијалци“, ќе се се случи на 26 декември, четврток, со почеток во 20 часот.

Влезниците за концертот по цена од 100 денари ќе се продаваат во гимназијата и на денот на настанот на влез во Центарот за култура.

Собраните средства, како и секоја година ќе бидат наменети за помош на ученици, на кои таа им е потребна, за реализација на претстојните екскурзии.

OhridNews e медиумски покровител на настанот.

OhridNews