Професорите по Физичка култура и образование од основните и средните училишта од Општина Охрид изминатиов викенд ја реализираа турата „Трпејчко поле 2019“, која традиционално ја организираат после завршувањето на учебната година.
- Ја продолживме традицијата и многу ни е мило шти стигнавме до јубилеј од 25 години. Иако планинарската тура е иста секоја година е нова приказна. Следната година ќе ја организираме пак и сакаме да им покажиме на младите дека треба да другаруваат и користат максимално убавините кои ги нуди Охрид и околината. – изјави професорите по Физичко.
Сребрениот јубилеј на планинарската тура „Трпејчко поле 2019“ беш збогатен со искачување на врвови од Галичица во раните утрински часови и дружење и забава попладне. Професорите ги сумираа впетатоците од учебната година и коваа планови за следната.
Фото галерија:
OhridNews