Американскиот домар Хозе Ривера ги затварал дупките од стаорци во Бруклин. Одеднаш излетеле три големи глодари. Успеал со својата вила да набоде само еден од нив. Изгледа дека е долг повеќе од 90 сантиметри, вклучувајќи ја и опашката, а тежел нешто помалку од два килограми. Бил прекриен со дебело крзно и изгледал дека е добре прехранет.


Наоми Колон, претседателката на здружението на станари рекла дека соседите ги гледале големите стаорци најмалку шест години. Животинските експерти го препознале стаорецот дека е од врстата гамбиски џиновски стаорци, кои понекогаш се чуваат како домашни миленици. Увозот на тие животни бил забранет во 2003 година по заразата од која биде погодени стотина лица. Се претпоставува дека убиениот стаорец е побегнат домашен миленик кој им се придружил на локалните стаорци.