Бегалецот Ву Ганг, кој се претставувал како Лиу Хао, својот вистински идентитет случајно го открил во кинеско шоу во кoе учесниците пронаоѓаат партнери. Се претставил како учител во музичко училиште во Шангај, пеел и танцувал и бил добро прифатен од публиката. Шоуто било снимано пред неколку месеци, но кога било повторно емитирано, убиецот бил препознат од некој од гледачите. Се јавил во полиција и рекол дека мисли како Лиу е убиецот од нерасчистениот случај од 1998 година.
Полицијата ги прегледала емисиите и навистина открила дека учителот во музичкото училиште всушност е оној кој го бараат со години. Пред 13 години тој во ресторан во провинцијата Јилин извршил убиство со нож. Набрзо го уапсиле. Снимката од епизодата во која се појавувал во шоуто била отстранета од интернет страната, а од продукцијата не го коментирале случајот.