Американските сили убиле 11 членови на ал-Каеда во два воздушни напади во близина на Идлиб во Сирија овој месец. Еден од убиените бил поранешен сојузник на Осама бин Ладен, тврди Пентагон.
Портпаролот, капетанот Џеф Дејвис, рекол дека 10 оперативци биле убиени во еден напад на 3.фебруари. Абу Хани ал-Масри, кој имал блиски врски со поранешниот лидер на ал-Каеда, Осама бин Ладен, бил убиен во вториот напад на 4.фебруари, рече портпаролот. За Ал-Масри се тврди дека е човекот кој ги формирал и раководел тренинг-камповите на ал-Каеда во Авганистан во периодот од 1980 до 1990 година. Тој исто така бил близок со Ајман ал-Завахри, кој стана лидер на ал-Каеда откако американските сили го убија Бин Ладен во 2011.
„Овие напади ја нарушија споосбноста на ал-Каеда да заговора и извршува надворешни напади на цели во САД и нашите интереис ширум светот“, рече капетанот Дејвис.