Полицијата соопшти дека непознати напаѓачи ги нападнале со ножеви ракометарите во клубот во Веспрем, додека овие го прославувале раѓањето на детето на еден од соиграчите.
26-годишниот Козма починал на патот кон болница. Тој бил прободен во срцето и брзо по доаѓањето во болницата е прогласена неговата смрт. Пешиќ бил прободен во грбот и морал да подлежи на операција во која му е изваден повредениот бубрег, додека Шешум за среќа се извлекол само со полесна фрактура и иако треба да се оперира, сепак е вон животна опасност.
Мотивите за нападот се уште се непознати и наскоро се очекуваат подетални информации за грозоморниот настан.