Еден од водечките бразилски филмски режисери, Едуардо Кутињо, убиен е во неделата во својата куќа во Рио де Жанеиро, објавија локалните медиуми.

Кутињо, кој имал 80 години, според првите податоци, со нож бил избоден до смрт од страна на неговиот болен син Даниел.

Неговата сопруга Марија дас Дорес (62), се наоѓа во тешка состојба, по што пренесена е во болница поради повеќе убоди со нож во вратот и во градите, соопштува полицијата.

Во болницата сместен е и Даниел (41), кој исто така на телото има рани од нож.

Меѓу најпознатите дела на Едуардо Кутињо е драмата од 1997 година „ABC do Amor“, за која на 17 Меѓународен берлински фестивал беше номиниран за наградата „Златна мечка“.

Минатата година тој беше примен во американската Академија за филмски уметности и науки.

Кутињо имал најавено дека планира да сними документарец за протестите низ Бразил во јуни организирани поради корупција, злоупотреба и трошоци поврзани со организацијата за Светскиот куп и Олимпијадата во Рио де Жанеиро.

OhridNews
ивор:„Макфакс“