Водачот на Исламска држава(ИД) е убиен во Авганистан, соопшти Пентагон. Постоеше сомневање дека Абдул Хасиб Логари загинал на 27 април во нападот на базата во Нангархар во источен Авганистан, но официјални лица тогаш не можеа да ја потврдат оваа информација.
Логари беше еден од високо рангираните лидери на ИД во Авганистан кој загинал во нападите на авганистанските специјални сили во партнерство со војската на САД, соопшти Пентагон.
Командантот на американската војска во Авганистан Џон Николсон изјави дека Логари е втор водач на ИД убиен во оваа земја во последните девет месеци.
OhridNews
извор Макфакс