Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Кевин Дурант се соочи со голема семејна трагедија, откако утрово бил застрелан неговиот посвен брат Клифорд Диксон.

32-годишниот Диксон застрелан бил надвор од клубот во кој се забавувал во родниот град Атланта. Неколкуте испукани куршуми во телото биле фатални по животот на Диксон.

Дурант наградата за најкорисен кошаркар во сезоната 2013/2014 му ја посвети токму него, бидејќи биле многу блиски.

OhridNews