Македонската кошаркарска репрезентација забележа висока победа над Австрија 98-71 на првиот меч од кошаркарскиот турнир во Охрид. До деби победата за новиот селектор Џикиќ, “црвено-жолтите“ стигнаа благодарение на шутот од далечина (64 % за три и 59% за два).
Двата тима направија речиси идентичен број на технички грешки (17-16), додека македонците собраа еден скок повеќе од австријците (27-26).
Селекторот Џикиќ им даде шанса на сите кошаркари, сакајќи да види со што располага во пресрет на квалификациите. Најпрецизен во македонскиот тим беше Бојан Трајковски со 20 поени, додека двоцифрени мечот го завршија уште Д.Стојаноски 17,додека В.Стојаноски и Владимир Брчков постигнаа по 10 поени.
Најпрецизен во гостинискиот состав беше Рашид Махалбашиќ со 17 поени.
Во втората рунда Македонија ќе игра против Романија, додека Австрија против Грузија.
ohridnews