Екипата на Сатеска е единствена која во првата рунда од новата сезона во Општинска фудбалска лига се радуваше на победа на гостински терен совладувајќи ја Вапила со 6-0.
Бодови на гостински терен освои и тимот на Дебрца кој ремизираше 2-2 со повратникот во ОФЛ, Вулкан.
Новата сезона во ОФЛ беше означена со градското дерби на Атина Бојаџи меѓу Охрид и Воска кое заврши во корист на домаќинот 1-0.
Резултати : Охрид – Воска 1-0, Вулкан – Дебрца 2-2, Лакочереј – Злести 2-1, Славеј – Св. Петар одложена, Вапила – Сатеска 0-6, Рудар слободен.
Ohridnews