Убедлива победа забележаа кадетите на ГРК Охрид под палка на Наум Бабачев на одиграниот натпревар со РК Младост Јуниор постигнувајќи резултат од 45:9 (20:5).
Најдобри поединци за победничката екипа беа Никола Стефаноски и Дамјан Недески со по 8 погодоци, а се истакна и голманот Бојан Крстески со 17 интервенции, информираат од клубот.
Утре предвидени се два натпревари на пионерите и младинците на домашен терен од кои едниот со РК Еурофарм Пелистер од 17:30 (пионери) и вториот со РК Еурофарм Пелистер 2 од 19:00 (младинци).
OhridNews