Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа над Младост од Богданци во рамки на купот на Македонија.

Вечерва во салата Билјанини извори, ГРК Охрид- РК Младост 41:20, полувреме 22:11.

Охрид од почетокот на мечот наметна свое темпо кое противникот не можеше да го следи. Предноста на домаќинот растеше од минута во минута, а шанса за настап добија и помладите играчи на Охрид за кои мечот со Младост беше можност да стекнат драгоцено искуство.

Фото галерија

Г.М.

Фото: А.Момироска