„Гладијаторите“ како на трениг, со убедлива разлика од 11 голови ја совлада екипата на Радовиш (34:23) на последниот натпревар на домашен терен за оваа 2021 година.
ГРК Охрид забележа убедливо водство против екипата на Радовиш и на крајот од првото полувреме на натпреварот (18:13).
На Охрид му претстои уште еден натпревар за оваа година кој ќе се одигра на гости кај екипата на РК Скопје 2020 на 19.12 (недела).
OhridNews