ГРК Охрид го одигра најдобриот натпревар на домашен терен во плеј-офот од Супер лигата во кој убедливо го совлада скопски Бутел. Вечерва во  салата „Билјанини извори“ Охрид – Бутел 28:19, полувреме 14:8.

Охрид добро го почна мечот, поведе со 2:0, а во десеттата минута имаше +3 (6:3), Во 18 минута „гладијаторите“ ја имаа првата поосетна предност 10:5. Бутел немаше одговор за играта на Охрид кој до крајот на првото полувреме се одлепи на +6.

Вториот дел почна со задоцнување од неколку минути поради интервенција на лекарските екипи на тренерот на Охрид, Горан Андоновски, кому му се слоши. Андоновски превентивно е подвргнат на лекарски прегледи во болница и според првичните информации од клубот неговата здравствена состојба е стабилна.

Во вториот дел екипата ја водеше неговиот помошник Бабачев. Охрид продолжи во истиот ритам, силно во одбраната, ефикасно во нападот. Разликата се зголемуваше, за конечни +9.

 

Статистика:

ГРК Охрид: Милосавлевиќ, К. Андоновски, Цејовиќ 1, Рустамов 5, Дрогришки 5, Цинцадзе, Д. Андоновски 2, Василевски (5 одбрани), Тасески 1, Шешиќ 3, Каракоч 3, Бојаниќ 3, Цирар 5.

РК Бутел: Симјановски, Субашевски 1, Ј. Младеновски 3, Т. Стојановски, Ѓеорѓиевски 1, З. Мојсоски 1, Спасевски, Стојчевиќ 1, М. Манасков 4, Блажевски, Михајловиќ, Цветковски, Мајиќ 5, Димитровски 3.

Седмерци:
Охрид 2/2
Бутел 3/3

Исклучувања:
Охрид 2 мин.
Бутел 6 мин.

Фото галерија:

Убедлива победа на ГРК Охрид над скопски Бутел

Г.Момироски
Фото: Бојан Стојаноски