Со резултат 3:1 фудбалерите на Охрид Лихнидос ја совладаа екипата на Беса Добри Дол, на гостински терен денес на натпреварот во рамки на 11-тото коло од Втората лига.
Ова е шестта последователна победа за тимот на Охрид Лихнидос, а стрелци на головите беа Филип Ѓоргоски, Александар Ѓорѓиески и Дарко Размоски.
Следниот натпревар фудбалерите на Охрид го играат со КФК Гостивар на 12 ноември.
OhridNews