Ракометниот клуб Алкалоид го победи литвански Драгунас Клаипеда со 42-31 (18-12) во првиот меч од второто коло во ЕХФ Европскиот куп.
На тој начин ракометарите предводени од Кире Лазаров имаат одлична предност пред реваншот во Литванија.
Гостинот имаше сили само до средината на првото полувреме кога се играше изедначено, а потоа домашниот тим ги презеде работите во свои раце и немаше поголеми проблеми до конечниот триумф.
Најефикасни во победничкиот тим беа Костески со 10 голови, Бинго реализираше 9, Серафимов 6, додека Марко Митев беше стрелец на 5 голови.
Реваншот во Литванија е за седум дена.
OhridNews