Надежите во ракометниот клуб Охрид забележаа убедлива победа и претрпеа тесен пораз во мечевите од младинските категории.
Пионерите ја продолжија серијата без пораз во лигата победувајќи го составот на Преспа од Ресен со 32-15 (15-8).
По четири одиграни мечеви избраниците на Наум Бабачев имаат скор од три победи и реми што ги сврстува на врвот од табелата.
Младинците мораа да го положат оружјето во Битола, откако изгубија со тесен резултат 30-29 (15-14) од Пелистер. Ситници и дозата на среќа која благо беше наклонета кон битолски Пелистер.
OhridNews