Фудбалерите на Охрид со убедлив триумф на домашен терен над Велешта (5-0) ја започнаа пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Домашните фудбалери победата и освојувањето на целиот плен ги најавија уште во 4-та минута кога поведоа со погодокот на Томче Речкоски. Во 19-та минута Никола Секулоски зголеми на 2-0, а во меѓувреме гостите останаа со фудбалер помалку.

Охридските фудбалери бројчаната предност на теренот ја капитализираа со три погодоци во второто полувреме. За 3-0 прецизно стрелаше Марко Арсенов во 67-та минута. Три минути подоцна Наум Вељаноски погоди за 4-0, а Речкоски во 85-та минута со вториот погодок  на мечот стави печат на победата.

Со трите бодови од пресметката со Велешта, Охрид дополнително се одлепи на табелата и останува само теоретски да биде промовиран во нов член на Втората МФЛ-запад.

OhridNews