Фудбалерите на Воска Спорт им се вратија на победите и тоа на убедлив начин. Во рамки на 5-то коло, вчера, Воска Спорт пред своите гледачи во регионалното дерби ја совлада Велешта со 4:0.

ГФК Охрид Лихнидос претрпе уште еден пораз, четврти во низа. Во Гостивар истоимената екипа славеше со 2:1. Со овој пораз охриѓани паднаа на последното место на вторологашката табела во западната конкуренција.

На табелата и натаму лидер е Силекс со максимален учинок и 15 освоени бода, пред Кораб (10) и Воска Спорт (9).

Наредното, 6-то коло, на програмата е на 3 октомври. Охрид дома го пречекува Кораб, а Воска Спорт и гостува на Беса.

OhridNews