Фудбалерите на Струга Трим Лум со убедлив триумф против Вардар Форино 6-1 (6-0) во Охрид ги започнаа тест средбите во подготвителниот период за дебитанското учество во македонска фудбалска елита.
Во воведните десеттина минути Ардит Шаќири два пати ја затресе мрежата на противникот. За водство од 3-0 погоди Абдулахја Шкор, а Флоријант Османи со два погодоци зголеми на 4-0 односнo на 5-0. Печат на гол шоуто во првото полувреме стави Шаќири.
Новајлијата во Првата лига намали со интензитетот на игра, а екипата на Вардар Форино од белата точка успеа да постигне почесен погодок и да го намали резултатот.
Следни контролни мечеви за стружани се дуелите со Гостивар и Силекс кои многу веројатно ќе се одиграат во Охрид, поради санцијата на тревникот и стадионот во Струга.
OhridNews