Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Сити запишаа нови три бодови на табелите во шпанската Ла лига и англиската Премиер лига победувајќи ги Хуеска со 4-1 односно Шефилд Јунајтед.

„Кралевите“ со два погодоци на крајот од првиот дел го скршија отпорот на гостите. Резултатот го отвори Еден Азард во 40-та, а во 45-та минута на 2-0 зголеми Карим Бензема. Во 54-та минута Валверде погоди за 3-0, а на 3-1 намали Фереиро. Конечните 4-1 ги постави Бензема со вториот погодок на натпреварот.

Избраниците на Пеп Гвардиола со само еден постигнат погодок го обезбедија триумфот на гостувањето кај Шефилд Јунајтед. Стрелец на победничкиот погодок беше дефанзивецот Кајл Вокер.

OhridNews