Охридските кошаркари до 18 години со убедлив триумф над Ринија 89-55 (23-14, 27-12, 15-16, 24-13) ги започнаа натпреварите од младинската Супер лига.

Избраниците на Тони Стојаноски победникот на натпреварот го решија во првите две четвртини кои ги добија со вкупен резултат 50-26 (23-14, 27-12).

Во третиот период „галебите“ им дозволија на домаќините се надигруваат, додека во последниот повторно го демонстираа квалитетот и стигнаа до убедлива победа 89-55.

Со овој триумф младите кошаркари ја задржаа првата позиција на табелата и како лидери следниот викенд ќе ги одмерат силите со Куманово.

OhridNews