Фудбалерите на Охрид ја забележаа првата победа на контролните мечеви од подготвителниот период, совладувајќи го Караорман (5-1), на Градскиот стадион во Струга.

„Рибарите“ разликата во квалитет ја демонстрираа на теренот и со триумф во „Езерското“ дерби го скршија мразот во тест натпреварите. Стрелци на головите беа Виктор Наумовски, Никола Угриноски, два пати Мурат Адили и еднаш домаќините сами ја затресија мрежата. За струшките „црвено бели“ прецизен беше Никола Грданоски.

Нов позитивен резултат во подготвителните мечеви запиша Воска Спорт, која ремизираше 1-1, со косовскиот клуб Малишева. Гостите поведоа со 1-0, а резултатот го изедначи Изаир Емини.

Викендов, Охрид и Воска Спорт ќе одиграат нови контролни мечеви. „Рибарите“ силите ќе ги омдерат со Велешта, додека Воска Спорт ќе се сретне со Македонија Ѓорче Петров.

OhridNews