Фудбалерите на Борусија Дортмунд ги одбележаа првите натпревари во Бундес лигата после паузата поради пандемијата на коронавирусот. „Милионерите“ со 4-0 го совладаа составот на Шалке во локалното дерби познато како „Рурско“.
Двете екипи вклучувајќи ги резервите, стручните штабови и сите инволвирани имаа специјални задачи и обврски во текот на натпреварот. На почетокот од мечот фудбалерите не се поздравија, домаќините не можеа заедно да ги прослават головите, а резервите седеа на раздалеченост од 2 метри. Интервјуа после средбата се земаа на раздалеченост, со маски на лицата и посебни микрофони.
Што се однесува до деталите од натпреварот, Ерлинг Халанд и Рафаел Гереро искомбинираа по два голови за убедлиов триумф и значајни три бодови во трката за титулата.
Резултати:
Аугсбург – Волфсбург 1-2
Борусија Дортмунд – Шалке 4-0
Фортуна Дизелдорф – Падерборн 0-0
Хофенхајм – Херта 0-3
Лајпциг – Фрајбург 1-1
Ајнтрахт Франкфурт – Б. Менхенгладбах
OhridNews