Охридските ракометари ја забележаа првата победа на гостински терен сезонава во Супер лигата, откако во третата рунда славеа со убедливи 41-26 (20-12) над Борец во Велес.

„Гладијаторите“ до втората победа во серија стигнаа со доминатна игра од почетокот од крајот на натпреварот. Домашната екипа не поведе ниту еднаш, што доволно говори за надмоќноста на охридскиот состав.

Дилемите околу победата охриѓани ги решија на стартот од натпреварот поведувајќи со 7-2. Потоа се беше лесно за охридските ракометари кои предноста до крајот на првиот дел ја зголемија на осум голови (20-12).

И покрај водството охриѓани во второто полувреме не застанаа и продолжија со агресивно темпо. Таквата игра им донесе предност од 26-13, а до финишот достигна 15 голови за конечни (41-16).

Во листата на стрелци се истакнаа Бобан Блажески со 11 голови, Дарко Георгиевски и Крсте Андоноски кои реализираа по седум погодоци, а по три постигнаа Иван Тасески и Златко Везенковски.

Во четвртата рунда Охрид на домашен терен ќе го пречека составот на Вардар Јуниор.

OhridNews