Кошаркарите на АВ Охрид останаа на една победа во плејаутот од Првата лига, откако изгубија и од Фени Индустри на домашен терен со 79-55 (24-15, 17-14, 23-12, 15-14) во рамките од петтата рунда.
Гостите од Кавадарци од почетокот до крајот доминираа и заслужено го освоија целиот плен во СРЦ „Билјанини Извори“. За охридските кошаркари ова беше трет пораз во серија и трет на домашен терен, додека Фени Индустри продолжи да ги „гази“ противниците во плејаутот.
Фени Индустри првиот квартал го доби со 24-15, а во вториот разликата ја зголеми за дополнителни три поени (17-14) за двоцифрена предноста на полувремето. Гостите продолжија во ист ритам и во третиот период кој им припадна со 23-12. Домашните кошаркари единствено рамноправен противник беа во четвртиот период, но и тој го загубија со еден поен 15-14.
Најпрецизен во тимот на Фени Индустри беше Предраг Пајиќ со 18 кошеви, а Ѓорѓе Каплановиќ реализираше 17. Во охридскиот состав расположен за игра беше Андреј Настовски кој уфрли 15 поени.
Во шестата рунда од плејаутот АВ Охрид на домашен терен го пречекува Шкупи.
OhridNews