Охридските ракометарите претрпеа убедлив пораз од 16 разлика 38-22 (16-11) од Металург Јуниор во деветтата рунда од Супер лигата.
Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски сили за надигрување против „јуниорите“ од Металург имаа само петнаесет минути кога и имаа предност. До крајот на полувремето со серија погодоци „металурзите“ комплетно го свртија резултатот и на одмор заминаа со 16-11.
Во вториот дел домаќините не само што ја зачуваа предноста туку и ја зголемија, а по истекот на шеесетте минути на семафорот стоеше 38-22 за Металург Јуниор.
За охридските сини ова четврти пораз на гостински терен петти сезонава и остануваат на оние десет бодови освоени на домашен терен.
Металург Јуниор: Кимевски (7 одбрани), Блажевски (4 одбрани), Ивановски, Костески 8, И.Крстевски 3, Манасков 3, Маџовски 1, Бешлиевски, Матијашиќ 1, Давитковски 1, Талески 7, Бошковски 3, Маркудов, Ставридис 1, Велковски 4 и Палевски 6. Седмерци: 4/5. Исклучувања: 6 минути.
Охрид 2011: Пецаков, Ангелкоски, Томовски 2, Андоновски, Б.Белевски 6, Мирков 1, Николовски, Трифуновски 6, Тасевски, Поп-Стефанија 2, Китески, Соколов 2, Крстески, Костески и В.Белевски 3.
Фото : „Рк. Металург“
Мх.П.