Охридските градежници го доживееа најтешкиот пораз сезонава откако на “Билјанини Извори# беа поразени со 5-0 од тимот на Миравци. Охриѓани скапо го платија лошиот старт на мечот во кој по само десет минути игра се најдоа во негатива од два гола.
Гостите ја искорситија почетната конфузија во домашниот тим и преку Тодоров во четвртата и Ѓорѓов во 8 минута дојдоа до висока преднист. До крајот на првиот дел водството го зголемија со двата погодоци на Штерјов во 22 и 44 минута,
Во вториот дел фудбалерите на Охрид Лоте се обидоа да се консолидираат и да го загрозат голот на Бошнаков, но откако не постигнаа погодок во стартните 20 минути, сите надежи спласнаа во 70-та минута кога Трајковски во казнетиот простор го удри Штејров , главниот абритар Ѓоргевски покажа на белата точка, а Трајковски беше исклучен. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше стоперот Бучков.
По овoј пораз, трет во првите четири пролетни рунди , Охрид Лоте останува на деветтата позиција и ги предводи екипите кои до крајот на првенството ќе се борат за опстанок.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com