Убедлив пораз од 3-0 претрпеа македонските фудбалски надежи на втората тест средба во Костур против соодветната селекција на нашиот јужен сосед. Домаќините повеле во 13 минута, предноста ја зголемиле во 73 минута, а во 83 – та го поставиле конечниот резултат.
Избраниците на Драган Бочески со два пораза се враќаат во Македонија, селекторот пред заминувањето истакна дека резултатот е во втор план на овие натпревари, и дека ќе се бара игра која треба да даде резултати на квалификациите во Истанбул.
Во секој случај овие два порази треба да бидат силна опомена, но и прашање колкав е навистина нашиот потенцијал да изненадиме некого на квалификациите за ЕП.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com