Струшкиот огранок на Ракометната школа „Кирил Лазаров-7“ забележа убедлива победа 35-23 (15-12) во дербито со Ракометниот клуб Охрид во 13-та рунда од Младинската лига.
Охридските ракометни надежи добро го отворија мечот и во првите 20-тина минути го диктираа темпото стигнувајќи до три погодоци позитива. Во финишот од мечот стружани со серија од 5-0 го анулираа водството и на одмор заминаа со плус три (15-12).
Во второто полувреме доминираше струшката екипата постигнувајќи голови од секаде и секоја позиција за убедлива победа изразена од 13 голови разлика.
Со триумфот екипата „КЛ-7“ се зацврсти на втората позиција и заедно со Вардар ќе играат во финалната разврска за шампионот во младинска конкуренција.
OhridNews