Убавината и негрижата во Охрид со години одат заедно. Попусто целата природна раскош и добрите идеи кога навиките и сфаќањата ни се стари, понекогаш лоши, а неретко и деструктивни. Неодамна во употреба беше пуштен мостот од Потпеш до Св. Софија. Ова прекрасно шеталиште води до Канео од каде прошетката може да ја продолжите кон Плаошник, Лабино… И се би било убаво ако ги нема купиштата ѓубре околу спомениците на културата или местата за одмор. Впечатокот го расипуваат и остатоците од големата дива депонија под Долни сарај, едноставно убавото не смее да е убаво. Зошто?
Ohridnews
фото: Александар/Горан
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com