Во соработка со Црвен Крст Охрид, учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид поделија новогодишни пакетчиња на деца од ранливи категории и измамија насмевка на детските лица кои почувствуваа празнична радост.

Средствата за пакетчињата учениците ги обезбедија од хуманитарниот предновогодишен музички настан под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!“, што се одржа на 24 декември година во дворот на РЦСОО „Ванчо Питошески“.

Велат дека срцето го одредува патот на човекот, но дека Бог однапред ги осмислил чекорите. Нека нашите срца на овој ден бидат во духот на христијанската вера за да го возвеличиме и прославиме раѓањето на Оној кој заради нас се воплоти, на кого сите ѕвезди му се поклонуваат и кој нѐ учи на љубов и проштевање ради наше спасение.

Честит Божиќ, Христос се роди! – се вели во празничната порака на колективот и учениците на РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид.

OhridNews