Роксана Лоит била еден од првите фотографи на кои им било дозволено да престојуваат во бекстејџот за време на разни седмици на модата по целиот свет. За три децении собрала неверојатна збирка на фотографии на славни личности и пози кои публиката не ги гледа често. во њујоршката „Стивен Кашер галерија“ изложени биле 60 омилени фотографии на Роксана на кои, меѓу останатите, се Памела Андерсон, Мадона и Кејт Мос.

Изложбата „Бидете феноменални“ ќе трае до 18 јануари, а една од најинтересните фотографии е онаа на која се супермоделите Наоми Кемпбел, Кристи Тарлингтон и Линда Еванџелиста, смеејќи се во када. Снимена била во 1990 година во парискиот хотел Риц. Роксана ги замолила дамите да влезат о кадата, а потоа во собата влегол Силвестер Сталоне и се заканувал деќа ќе ги полие со шампањско, поради што почнале да се смеат.