Холандската манекенка Дацен Крос која има 30 години со обожаватели поделила ден од своите интимни моменти. Нејзиното мало семејство позирало за хландското издание на списанието Вог. Толку била опуштена пред камерите, што дури и ја доела својата ќеркичка Милена.
Нејзиниот сопруг, славниот диџеј Санери Џејмс и 3-годишниот син Филон за тоа време се забавувале. Тие се подвижна реклама за совршена модерна семејна слика, а ангелто на Викторија Сикрет покажала дека воопшто не и треба шминка на лицето бидејќи напросто блескала. На фотографиите кои ги снимил Пол Беларт покажан е дел од нивното секојдневие, а лесно е да се забележи дека парот навистина уживал во својата улога.