Манчестер Јунајтед и Милан одиграа незаборавен натпревар и на најдобар можен начин ја отворија полуфиналната пресметка. Во битката на дивовите,на крај од првиот натпренвар се радуваше домаќинот кој со голот на Руни во судиското продолжение стигна до вредна победа од 3:2.


На крај тие се радуваа – Руни и Роналдо

Почетокот исто така им припадна на домашните кои по киксот на несигурниот Дида, поведоа мошне рано уште во 5-та минута. Стрелец на голот беше Роналдо. Одговори Кака со два магични потези во 22 и 37 минута за комплетен пресврт на Олд Трафорд.

Во вториот дел блесна уште една ѕвезда, Вејн Руни кој со два гола се погрижи за нов пресврт и победа на “црвените ѓаволи“ од 3:2. Манчестер минималната предност ќе ја брани на реваншот во Милано веќе наредната недела.

Г.М.