Новите сопственици на Формула 1 циркузот најавија неколку промени за следните сезони, а една од нив ќе биде тргањето на убавите девојки-промотерки кои се наоѓаа до болидите пред почетокот на трката.
Промотерките до Ф1 болидите децении се дел од трките, а последниве години се повеќе врева се крева околу третирањето на девојките како објект.
– Сакаме да го испочитуваме мислењето од сите страни. Постојат многу луѓе на кои им е важна традицијата, а постојат и оние кои мислат дека на „девојките од стартот“ не им е местото на патеката. – објаснува Рос Браун директор во Ф1.
Пилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо не е воодушен со таквиот потег кој може индиректно да влијае на атрактивноста на трките во Ф1.
Новите сопственици, „Либерти Медија“ планираат да го сменат логото и уште неколку работи во сезоните кои доаѓаат.
OhridNews