Бројни настани, манифестации и концерти го одбележаа изминатиот летен период во Охрид. Во оваа насока и бројни познати музички имиња од естрадата од земјава и регионот беа дел од истите. А, пред настапите следеа подготовки, каде шминката беше неизоставен дел, посебно кога станува збор за дамите од музичката сцена.

И кога еднаш ќе се изгради довербата, таа продолжува да се негува низ годините. Па така и овојпат за убавиот изглед на дел од дамите се погрижи реномираната охридска мејкап артистка Мери Бајрамовска позната како “MAKEUP BY MERI”.

Студиото кое со полна пареа работи веќе 14-та година го посетиле Наташа Беквалац, Јелена Томашевич, Теа Таировиќ, Александра Матрих, Јелена Бачиќ Алимпич, Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Антониа Гиговска, Лина Пејоска, Елена од „Живот со стил“, Ирена Спировска, Андријана Петрушовска, Барабара Поповиќ, Наташа Малинкова, Александра Јанева, Мариа од „Eye Cue“, Сара Гигова, Елена Велеска, Сузана Гавазова, Соња Трчуловска, Мелани Трчуловска, Стојне Николова, но и дел од посилниот пол, меѓу нив Влатко Лозаноски, Ристе Ристески, Ѓоко Танески…

Работата со луѓе значи средба со различни карактери, вкусови, чувство за убавина, темперамент, различни очекувања и погледи. Toa и ја одредува тежината на работата. Сепак на крај успеваме да се ускладиме  како најдобро треба да изгледа ликот што се шминка. Секако дека ја почитувам  желбата на клиентот. Тоа е и замислата на услугата која ја давам на крај да имам задоволен клиент, вели мејкап артистката Мери.

Нејзиното студио „Makeup by Meri“ е препознатливо, а таа самата е синоним за автентичен, авангарден мејкап артист, кој диктира урбан и препознатлив моден правец во шминкањето, секогаш во чекор со најсвежите модни трендови, адаптирајќи ги светските модни текови на шминката кон македонскиот пазар, дисциплинирана и одговорна во својата работа.

Мојот успех е резултат на посветеноста во професијата на која не штедам ниту време, ниту енергија за да стигнам до целта, потенцира Мери.

Да потсетиме дека Мери Бајрамовска во 2022 година доби награда за мејк ап инфлуенсер на годината, а на друга манифестација во декември 2023 година повторно го освои првото место „Жена на годината“ за мејк ап инфлуенсер. Очигледно е дека квалитетот си го добива она што го заслужува.

OhridNews