„Сен Трпејца“ е насловена групната изложба на фотографии која ќе биде отворена денеска во охридското село Трпејца. На изложбата ќе бидат изложени вкупно 17 фотографии со пејсажи и мотиви од оваа позната туристичка населба.
На изложбата со свои авторски фотографии ќе учествуваат Ѓорги Личовски, Наке Батев, Маја Златевска, Борис Грдановски, Огнен Теофиловски и Роберт Атанасовски, кои се професионални фоторепортери со долгогодишно искуство во македонските и странските медиуми.
Домаќин на изложбата која ќе биде отворена до крајот на летната сезона е ресторанот „Рибар“ на самиот брег на Охридското Езеро.
OhridNews