Кајчарите кои ги шетаат туристите по изворите на Св. Наум оваа година за обавување на дејноста ќе плаќаат по 70.000 денари. Покрај ова тие треба уредно да го регистрират кајчето, да зборуваат странски јазик и да имаат договор со некој туристички водич. За обавување на дејноста тие ќе треба да склучат спогоба со Националниот парк, а одобрението го издава Владата.


Според директорот на НП „Галичица“, Зоран Ангелоски, предвидените давачки за обавување дејност се реално пресметани.

Ние направивме истражувања минатата година со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и отприлика го знаеме бројот на туристи кои што го посетуваат комплексот Св. Наум и таа цена е утврдена врз основа на тоа, вели Ангелоски.


Зоран Ангелоски – НП „Галичица“

За неколкумината кајчари кои со години егзистираат од прошетките на туристите по изворите во Св. Наум, новата цена за обавување на дејноста е превисока. Тие велат дека со таква давачка не можат да опстанат затоа што не можат да ги покријат ниту основните трошоци. Според нив сезоната во Охрид трае прекратко за да плаќаат толку висока давачка.


Не се знае дали новие услови ќе ја зголемат цената на прошетките со кајче по изворите на Св. Наум, но се знае дека сите кои ќе сакаат да ѕирнат во природните убавини на Дрим ќе мора да одвојат по 70 денари за влез во комплексот.


Убавините на Св. Наум скапоцени

Од НП Галичица велат дека интерес за склучување спогодба за вршење превоз со кајче во Свети Наум има и дека веќе се потпишани првите договори.

Ohridnews