Убавините на Охрид ќе бидат дел од 35 минутната емисија за Македонија што ја снима екипа на Тревел ченел Интернешнел.
Во документарецот  „Есеншл Македонија травел тудеј“, покрај Охрид, опфатени се и убавините, рекрeaтивните и скијачки патеки на Маврово, винскиот туризам во Тиквешијата, знаменитостите на главниот град, како и Кокино и Матка.

Во емисијата ќе бидат прикажани културата, религијата, историјата на државата и слики од животот на Македонците.

Документарната емисија, која ќе се емитува во 120 држави на 20 јазици ,Тревел Ченел ја реализира во соработка со Агенцијата за странски инвестиции.

OhridNews