Фотографиите и текстот за убавините на Охрид ги објавил Јамбалсурен Золбјар од Монголија, кој бил во посета на Охрид изминатава година. Тој од секторот за Јавни дејности во Општина Охрид добил основни информации за Охрид, а потоа во придружба со уметничкиот фотограф и веб администратор на Општинскиот портал, Петар Боев, ги овековечил убавините на Охрид со својот фотоапарат.
Гостинот од Монголија е и натаму на патување по Светот, а до сега има посетено 150 земји на сите 6 континенти. Се што забележал при своите патувања, тој го објавува на сопствената веб страна http://www.amai.mn.