Американското списание за фотографија „Don’t Take Pictures” чие седиште е во Бруклин, Њујорк, во последната on-line изложба, насловена „Сини Неба“, вклучи и една фотографија од охридскиот новинар, публицист и автор на фотографија, Стојан Савески. Изложбата опфаќа дела на 50 автори од целиот свет, поврзани со темата на изложбата, и истата е достапна за публиката ширум светот сé до 24 август оваа година, при што организаторот напоменува дека ќе бидат искористени и други дигитални медиуми во САД за популаризација на изложбата. Покрај тоа, печатено списание “The Blue Issue,” кое е во подготовка ќе ги презентира авторите и фотографиите од тематската изложба „Сини Неба“.

Ненадминливите теми поврзани со Езерото и Галичица, во едно доминантно – сино издание, со облаци што се издигнуваат над планинските врвови, и магличавоста низ која се наѕираат околните населби на источното крајбрежје, и ѝ даваат магичност на глетката кон овој дел од крајбрежјето, се мотивите што, го поттикнале Савески, да земе учество на повикот за учество на оваа изложба. Авторот кој претежно е ориентиран кон документарната фотографија потребна, пред сé, за неговите публицистички трудови, нагласува дека една од трите примарни универзални бои, каква што е СИНАТА, нераскинливо е поврзана со магијата наречена Охрид.

И таа магија, над два и пол милениуми, нé оставила никого го оставила рамнодушен при посетата на древниот град, така што и тој како автор го прифатил предизвикот да го претстави Охрид како магично место кое симболизира спокојство, стабилност, инспирација, мудрост и здравје.

Изложбата е достапна на следниот линк.

OhridNews