Природното и културното богатство на Охрид, се дел од содржината на новата книга за убавините на Македонија, која беше презентирана вчера од страна на македонската  Туристичката комора .

Станува збор за книгата “Македонија” од германските автори Дорис и Јирген Сикмаер. Авторите на книгата ова дело, имаат можност да го претстават пред македонската јавност и во странство, по долгото истражување и престој во нашата земја. Според нив книгата претставува каталог за Македонија, а ќе биде користена за промовирање на македонските капацитети и ресурси за привлекување на туристи.

„ Целта на книгата е да се промовира имиџот во Македонија, ние сакаме преку оваа книга да покажеме дека оваа земја има култура, литература, историја, како и прекрасна архитектура.Луѓето и нивната отвореност и блискост се од особено значење за мене, но би сакал и да ја потенцирам природата на Македонија, посебно во зима. Маврово и Галичица се прекрасни, а во лето тоа е Охрид“, рече Јурген Сикмаер.

„Книгата ја опишува Македонија со фотографии и текстови. Ја претставува земјава со широк спектар на импресии. Не само убавите пејсажи и богатото наследство, туку со импресии од секојдневието, во градовите и на село и со импресии од луѓето. Јас лично сум убедена дека секој кој сеуште не ја познава Македонија, кога ја гледа книгата, веднаш сака да оди на пат, за да ја запознае. Со еден збор книгата ќе ја промовира Македонија во странство но и во земјава.“ изјави на промоцијата амбасадорката на Германија во Македонија Урлике Марија Кнотц.

Книгата “Македонија“ е издадена на три јазика, македонски, англиски и германски. Нејзиното издавање е финансирано од германските истражувачи, Германската амбасада, винаријата Тиквеш, Империјал тобако, а кај нас ќе се продава по цена од 2500 денари.

Ohridnews