Локалната самоуправа со години укажува дека патот кон Галичица треба да се одржува и во зима за да можат да се искористат можностите кои оваа планина ги нуди за развој на ски туризам.
Без изградена инфраструктура, скијачки патеки и конкретна туристичка понуда, во моментов, не постои економска оправданост од одржување на патниот правец Р504 Отешево – Трпејца, велат упатените. Од Македонија пат во минатото укажуваа дека не постои ниту техничка можност за одржување на овој патен правец во зимски услови.
Според некои проценки, за да се обезбеди континуирана проодност на патниот правец Е-504, што се протега преку НП Галичица и во зимскиот период треба да се постави посебен пункт на Галичица и да се подобри безбедноста на патот кој е изграден кон средината на минатиот век, што според груби проценки на експертите би чинело неколку милиони евра.
Сообраќајот на патниот правец Отешево – Трпејца Потполна преку Галичица е затворен за сите видови на возила до 15 март.