Во рамки на кампањата „Дома си е дома“ во Охрид, Струга, Вевчани и Галичица од вчера се снима петтиот промотивен видео спот за промоција на туристичките потенцијали на земјата.

Кампањата која содржи вкупно 10 промотивни спотови,  ја реализира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со средства на меѓународни донатори, бидејќи 85% од буџетот на агенцијата од 58 милиони денари е пренаменет за борба со Ковид 19.

Целта на кампањата е да се мотивираат домашните туристи да ги посетат атрактивните дестинации во земјата со што ќе му се даде поддршка на македонскиот туристички сектор кој е меѓу најпогодените од корона кризата.Се очекува 2020 година да биде една од најтешките за тиризмот. Светската туристичка предвидува падот на туризмот да биде помеѓу 60 и 70 проценти, поради што за успех ќе се смета остварениот што помал минус.

Се што ќе биде помал минус од 35 до 40 проценти ќе биде успех за македонскиот туризам. – вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.

Тој смета дека кампањата „Дома си е дома“ ќе биде успешна и е оптимист дека во август во Охрид ќе има и странски туристи, пред се од регионот. За да се оствари тоа треба сите да ги применуваме мерките и протоколите за заштита од коронавирусот, додаде Јаневски.

OhridNews